Џафери-Мишел: С.Македонија мора да ја искористи шансата за членство во ЕУ

од Nikola Popovski
144 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамки на посетата на Брисел, оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На средбата присуствуваа првиот заменик на претседателот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ова е прва посета на Брисел на Џафери како премиер, и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, му честиташе за функцијата, нагласувајќи дека претстојниот период е од исклучителна важност за државата која треба да спроведе европски избори и да го задржи европскиот правец.

На средбата беа разменети ставови за поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Северна Македонија, како и за текот на реформските процеси во земјата кои се од исклучителна важност за напредокот.

Соговорниците констатираа дека обновениот моментум на ЕУ за проширување е добредојден и треба да биде поттик за спроведување реформи во земјите од Западниот Балкан, со фокус на Планот за раст на Западен Балкан и побрза интеграција во Европската Унија.

Премиерот Џафери на средбата истакна дека ЕУ перспективата останува главен двигател на промените но и помирувањето во Регионот.

Соговорниците на средбата истакнаа дека Северна Македонија негува одлични односи со сите земји од Западен Балкан. Минатата година, како земја претседавач со ОБСЕ, Северна Македонија потврди дека во континуитет е кредибилен партнер на ЕУ и на меѓународната заедница.

Премиерот Џафери упати благодарност до претседателот на Европскиот совет, Мишел за поддршката во процесот на европско интегрирање на земјата.

Слични содржини