Нема никаква вистина дека сум добил допис или материјал од Груевски. Тоа само служи само за дневна политика. Собранието добива материјали од овластени предлагачи. Не би сакал да користам несоодветни зборови кои што ги заслужуваат таквите шпекулации, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери за фамозното УСБ што го прикажаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Дециден е дека немал комуникација со Груевски, ниту дека имал потреба од такво нешто.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини експремиерот дека преговарал за сопствената судбина со ДУИ и СДСМ во пресрет на уставните измени.
-Не можам никако да разберам како воопшто е возможно да се уортачи било кој со истите кои ја предизвикаа и се причина за сите неволји, па дури и неговите лични, прогони и предавства кои се случија на Македонија. Да дели УСБ-а и писма по кабинетите на ДУИ, да има непринципиелни разговори. Ја сфаќам и неговата тешка судбина, но пеколно е сознанието дека зад завесата се прават валкани планови за кои цената би требало да ја плати друг, рече пред два дена Мицкоски.
Груевски вчера порача дека ВМРО-ДПМНЕ се служи со удбашки методи. Според него, не постои никакво УСБ и дека тоа може секој да го направи.
-Изненаден што гледам такво нешто од луѓето толку години соработував. Наместо да се фокусирани да ја срушат Владата, тие се занимаваат со овие глупости, кога цел народ знае дека на УСБ што да и напишете, дека е од Александар, Никола, Трајко, Петко. Секој може УСБ-то на компјутер да си го крсти Никола Груевски и да рече дека содржината е од Никола Груевски, рече Груевски во вклучување во живо во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс.