Џафери поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието

од Vladimir Zorba

Талат Џафери попладнево поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

-Ве известувам, дека согласно член 115 од Деловникот за работа на Собртанието, поднесувам оставка на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија, се вели во собраниското соопштение.

Од Собраниет информираат дека Џафери го овластил потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски да претседава со пленарната седница закажана за утре.

Претходно, и претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска во законски предвидениот рок, ја депонираше оставката во Собранието на Република Северна Македонија, и притоа имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Со поднесената оставка на премиерот Ковачевски, почнуваат процесите за формирање на техничка влада, која ќе создаде услови за одржување на фер и демократски претседателски и парламентарни избори.

Слични содржини