Актуелниот претседател на Собранието и иден технички премиер, Талат Џафери денеска пред медиумите сподели дека техничката влада ќе биде во согласност со Уставот и законот. Во однос на тоа дали во нејзиниот состав ќе бидат и министрите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Џафери истакна дека ќе бидат.
-Нема пречка да не бидат. Таков е законот. Која од партиите ќе учествува, ќе бидат предложени и нивните министри, кажа претседателот на Собранието, одговарајќи на новинарски прашања.
Џафери информираше дека утре, самиот тој и премиерот Димитар Ковачевски ќе ги поднесат оставките, по што течат рамковните рокови за закажување седница за констатирање на оставките.
Во петок на седница која ќе ја води заменикот Горан Мисовски, Собранието ќе ги констатира двете оставки, а ќе биде поднесен и предлогот за избор на нов спикер кој во последните 100 дена ќе го води Јован Митревски од редовите на СДСМ.
На 27-ми јануари ќе биде поднесувањето на предлог-програма и предлог-состав на Владата, со што се отвора пат за свикување нова седница за 28-ми јануари, на која би се избрала техничката влада.