Џафери за коалиција меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ: Во политиката никогаш не вели никогаш

од Nikola Popovski
828 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера во дебатна емисија зборуваше за евентуална коалиција на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период, со оглед дека следната година е изборна.

На прашањето дали по изборите ДУИ би коалицирала со ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека „во политиката никогаш не вели никогаш“.

„Хипотетички не може да се зборува во дефинитивна форма, во политиката нема дефинитивна форма за последователни прашања бидејќи тоа не е работа за која одлучуваат политичките субјекти. Последователните прашања по изборите се прашања за кои се разговара во партиските тела и тоа не зависи од конкретната позиција што мисли денес Талат Џафери како претседател на Собранието, бидејќи ние го немаме тоа овластување. За среќа или за жал, декларации не се даваат и менуваат секој ден, а во политиката тоа е основна работа која никогаш не се кажува во дефинитивна форма“, рече Џафери во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини