Џафери за протестите поради одлуката за паралелка на албански јазик во Чашка: „Секој има право на она што му е пропишано во законот“

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Техничкиот премиер кој сега стапи на должност Талат Џафери денеска во однос на протестите поради одлуката за формирање на паралелка на албански јазик во училиште во Чашка, посочи дека во овој момент не може да каже што конкретно ќе преземе, но дека секој има право на она што му е пропишано во законот.

Како што посочи, ќе бидат вклучени и ангажирани сите страни и сите надлежности кои се во Владата ќе се извршат, за да се најде соодветно решение.

„Во овој момент не може да се каже конкретно што би можело да се преземе од моја страна како премиер кој сега стапува на должност. Но, имајќи ги предвид сите аспекти и законите во Уставот, секој има право на она што му е пропишано и дозволено во законот и секој има обврска да ги спроведе своите надлежности. По однос на ова прашање, ќе бидат вклучени и ангажирани сите страни и сите надлежности кои се во Владата ќе се извршат, за да се спроведе правото“, рече Џафери во одговор на новинарско прашање.

Слични содржини