Бугарскиот претставник во Европскиот парламент, Ангел Џамбаски повикал на итна реакција во врска со податоците што ги изнел директорот на бугарската Национална агенција за безбедност во врска со координацијата на ставот на тамошното Министерство за надворешни работи со македонски државен службеник. Според копретседателот на ВМРО-БНД, оваа информација е скандалозна и како што вели, „мора што поскоро да се преземат дејствија и казни за предавство“.
-Советничката за надворешни работи во владата на Кирил Петков, Весела Чернева, го координирала ставот на Министерството за надворешни работи со лице од Република Северна Македонија. Падот на бугарската државност беше видлив за секој граѓанин. За да го спречиме предавството што го направи тогашната власт, предупредувавме, организиравме протести, направивме се што беше во наша моќ. Очигледно, сепак, се било координирано со скопските антибугарски власти. Чернева беше именувана за министерка за надворешни работи во сенка, бидејќи таа самата грубо се мешаше во работата на нашето Министерство за надворешни работи, обвинил Џамбаски.
-За предавниците, Апостолот на слободата кажа што да прави. Сега бугарските институции и органите на правдата мора да ја применат целосната строгост на законот. А предавниците да се фрлат во депонија, заклучил Џамбаски, објави „БТА“