Џамбаски со нова провокација: Честит Ден на независноста на оние граѓани на Македонија кои навистина се чувствуваат независни

Независни од Белград, од УДБА, од Кремљ, од кодошите и удбашите..., порача Џамбаски

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Контроверзниот бугарскиот политичар и поранешен европратеник, Ангел Џамбаски упати нови провокации кон Македонија и тоа на Денот на независноста. Тој го честиташе 8-ми Септември на „оние граѓани на Македонија кои се чувствуваат вистински независни“. Во својата објава ги спомена премиерот Христијан Мицкоски, но и српскиот и унгарскиот премиер Александар Вучиќ и Виктор Орбан.

-Независни од Белград, од УДБА, од Кремљ, од кодошите и удбашите. Од србоманите и југоносталгичарите. Од Мицковиќ, од Вучиќ и Орбан. Тие не се наши пријатели во Македонија и не им мислат добро на македонските Бугари. Никогаш не ги заборавајте зборовите на Иван Михајлов – „Преку Голгота, до Независна Македонија“, стои во пораката на Џамбаски.

Членот на бугарската партија ВМРО-БНД е познат по тоа што постојано упатува навреди кон Македонија и своевремено гестикулираше со нацистички поздрави во Европарламентот.

Слични содржини