Џамбаски со нови навреди и провокации: „Македонската нација е измислена во Кремљ во 1934“

од Nikola Popovski
556 прегледи

Контроверзниот бугарски политичар и поранешен европратеник, Ангел Џамбаски испрати нови навреди кон Македонија во моментите кога Томас Вајц, известувачот за земјава во Европскиот парламент, побара одложување на гласањето за извештајот за нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ. Тој воедно го поздрави одложувањето на расправата пред Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент.

„Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент штотуку го одложи гласањето за скандалозниот антибугарски извештај за напредокот на Република Македонија кон ЕУ од известувачот Вајц за 24 јуни.

Овој период мора да се искористи максимално, и од бугарските власти и од секој Бугарин. Ги имаме телефоните и електронските пошти на водечките европски претставници. Да ги повикаме, да ги чуеме, да им ги испратиме нашите ставови.

Нека чујат, нека знаат. Нема вековен македонски идентитет – постои бугарска историја и Мики Маус „нација“ измислена во Кремљ во 1934 година“, стои во навредувачката објава на еден од лидерите на контроверзната крајнодесничарка партија ВМРО-БНД.

Членовите на Комитетот за надворешни работи на ЕП на денешната седница требаше да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за земјава подготвен од австрискиот европратеник Вајц. Извештајот и Томас Вајц, вчера се најдоа на удар од страна на бугарските европратеници, кои на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на ЕП посветена на проширувањето на ЕУ изнесоа сознанија дека Македонија недозволиво влијаела на содржината на извештајот.

Слични содржини