Џамија во Арачиново доби комбе од Агенцијата за управување со одземен имот

од Nikola Popovski
239 прегледи

Џамија во скопско Арачиново ќе добие возило од Агенцијата за управување со одземен имот. Ваквата одлука ја објави директорот на Агенцијата, Дритон Небиу.

Според она што може да се види од објавата на Небиу и потпишаниот официјален документ, станува збор за возило марка „ситроен џампер“.

-Денеска Агенцијата за управување со одземен имот обезбеди и става во постапка издавање на транспортно возило за услугите на џамијата Резистенца, општина Арачиново. Ова е следната донација затоа што Општина Арачиново не е „заборавено село“ туку општина која заслужува и потребна е безброј грижа, особено од државните институции, затоа мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана, напиша Небиу.

Агенцијата за управување со конфискуван и одземен имот може да постапува и да додели на државна институција или да ги понуди на аукција. Претходното раководство на Агенцијата се пожали дека Македонија е преплавена со конфискувани возила, но не може да постапува затоа што нивната правосилност е заглавена во бавните судски процеси.

Слични содржини