Џеф Безос и Лорен Санчез ја прославија веридбата, на забавата присуствуваше и Бил Гејтс (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од најбогатите луѓе на светот вчера организираше ексклузивна забава на својата јахта, се за да ја прослави веридбата со својата сакана партнерка. Џеф Безос и Лорен Санчез се верија овој мај, а два месеца подоцна го прославија својот важен момент со пријателите со пловење низ Италија.

Дека Џеф Безос не планира да заштеди пари на својата сакана Лорен, јасно се виде кога ја запроси со 20-каратен дијамант вреден повеќе од 2,5 милиони долари. Безос го постави големото прашање на својата сакана во текот на мај, а тие го прославија нејзиното ДА на луксузната јахта на Безос. На прославата беа поканети многу деловни ѕвезди, а се вели дека целата забава била многу раскошна.

Прославата за веридбата се одржала оваа недела на луксузната јахта на Безос вредна 500 милиони долари. Бродот со име „Кору“ е наводно најголемата едрилица во светот.

Безос ја запроси Лорен на јахта, а извор за People откри дека парот е навистина вљубен: „Сите нејзини пријатели велат дека ова е нејзиниот сон. Го нашла мажот со кој сака да го помине остатокот од својот живот и почувствувале дека е вистинското време“.

Прославата ја организирале нешто повеќе од два месеца по романтичниот момент, а на прославата се приклучија и колегите на Безос од светот на претприемништвото.

На јахтата во Италија пристигна Венди Денг Мардок, американска претприемачка со кинеско потекло која е ко-основач на „Артси“, онлајн платформа за собирање, откривање и продажба на уметност која соработува со повеќе од 4000 уметнички музеи, галерии, саеми за уметност и аукциски куќи.

Покрај неа, на Безос и Санчез им се придружи и Бил Гејтс кој цела вечер бил во друштво на Пола Херд! Нивното време заедно е само уште една потврда за нивната љубовна врска, која веќе беше потврдена во јануари за време на машкото финале на Австралија Опен.

Слични содржини