272
Основачот на „Амазон“ Џеф Безос (59) се вери со својата девојка Лорен Санчез (53), пишува британски „Дејли Мејл“.
Лорен го кажа судбоносното „да“ на луксузната јахта на Безос, а папараците набрзо ѝ „уловија“ огромен прстен на раката. Лорен е поранешна ТВ водителка, а таа и милијардерот официјално се заедно од 2019 година, кога и двајцата ставија крај на долгогодишните бракови.
Таа и Џеф долго време беа љубовници, а потоа протекоа нивните љубовни пораки и двајцата се разделија со своите партнери кои се познавале, па дури и излегувале, што го направи предавството уште полошо.
Пред Лорен, Безос беше 25 години во брак со писателката Мекензи Скот.