Американскиот актер Џејми Фокс и се извини на еврејската заедница за објавата на Инстаграм која некои ја критикуваа како антисемитска.
Тој објави на Инстаграм, а потоа ја избриша објавата „Го убија овој човек по име Исус… Што мислиш дека ќе ти направат тебе???!“, кој заврши со хаштагови #fakefriends и #fakelove.
Зборот „тие“ се толкува дека се однесува на еврејскиот народ, а историски антисемитизмот е поврзан со верувањето дека Евреите се одговорни за смртта на Исус, пренесе CNN.
„Сакам да и се извинам на еврејската заедница и на сите што беа навредени од мојата објава. Сега знам дека мојот избор на зборови беше навредлив и жал ми е. Тоа никогаш не ми беше намерата. Да појаснам, ме изневери лажен пријател и на тоа мислев со „тие“, ништо повеќе. За сите имам само љубов во срцето. Ја сакам и ја поддржувам еврејската заедница. Моето најдлабоко извинување до секој што беше навреден“, напиша Фокс.