7
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Един Џеко синоќа пристигнал во Фиренца, каде наскоро ќе потпише договор со Фиорентина.
Џеко претходно се согласил на соработка со клубот од стадионот „Артемио Франки“, чиј член дефинитивно ќе стане во четврток, објави Романо.
Имено, официјалното потпишување на договорот е закажано за четврток.
Се очекува наскоро да помине медицински прегледи, а потоа да потпише едногодишен договор, со можност за продолжување за уште една година.
За потсетување, договорот на Џеко со турскиот Фенербахче неодамна истече и тој го напушти клубот како слободен агент.
Во Фиорентина, „дијамантот“ ќе заработува помеѓу 1,5 и 1,8 милиони евра за сезоната.