Трансферот на Николас Џексон од Челси во Баерн би можел да пропадне во наредните часови, бидејќи „сините“ го прекинуваат договорот по лошата среќа што ја доживеаа на денешниот натпревар со Фулам.
Џексон денес пристигна во Минхен на медицински прегледи, на кои требаше да помине пред да стане официјална позајмицата во Баерн, а во меѓувреме Лиам Делап се повреди на натпреварот со Фулам.
Делап заработи повреда на грбот и се чини дека ќе отсуствува подолго, а Челси веднаш ги извести агентите на Баерн и Џексон дека нема да ја дозволат позајмицата на Сенегалецот.
Ова го објави доверливиот Дејвид Орнштајн, а некои извори исто така известуваат дека од таборот на играчот рекле дека не се согласуваат на такво сценарио.
Клубовите претходно се согласиле на позајмица за Џексон, за која Баерн би платил дури 15 милиони евра, а веројатно подоцна би го откупил договорот на Сенегалецот.
Што ќе се случи на крајот, останува да се види во остатокот од денот и преодниот рок што е пред истекување.