Џелили: Досегашниот пристап на Мицкоски ги разниша меѓуетничките односи и ја доведе во прашање европската ориентација на земјата, создавајќи простор за зајакнување на деструктивни влијанија

Мицкоски треба да рефлектира, порачува Џелили

од Nikola Popovski
31 прегледи Зуди Џелили/Фото: Принтскрин

Наместо аргументирани програми и решенија за проблемите на граѓаните во предизборната кампања, вели екс-пратеникот Зуди Џелили, слушаме зборови кои ја продлабочуваат поделбата и создаваат недоверба.

За изјавата на кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи дека премиерот Христијан Мицкоски е „албанофоб“ и дека треба да вклучи Албанци во својот кабинет, како и реакцијата на премиерот, аналитичарот за „Локално“ вели дека премиерот треба да покаже дека неговата влада е на сите граѓани, без разлика на етничка припадност. Џелили смета дека „Мицкоски треба да рефлектира“.

-Северна Македонија е заедничка држава и би било мошне позитивен гест доколку премиерот Мицкоски им се обрати на своите сопартијци со порака за значењето на соживотот и за конструктивната улога што албанскиот фактор ја има во државата. Досегашниот негов пристап како премиер ги разниша меѓуетничките односи и ја доведе во прашање европската ориентација на земјата, создавајќи простор за зајакнување на деструктивни влијанија. Доколку постои простор за поголема инклузија на Албанците и на другите заедници во институциите, тоа е чекор што само ќе ја зајакне мултиетничноста на државата и ќе испрати порака за еднаквост, истакнува меѓу другото Џелили.