Аналитичарот Зуди Џелили оценува дека коалицијата ВЛЕН несомнено оствари важна победи во Чаир со помошта што ја вети премиерот Христијан Мицкоски, но останува да се види што ќе се случи во Тетово, Струга, Кичево, Дебар…
-Не знам, дали ова е апсолутна победа, времето ќе покаже, бидејќи конечниот исход треба да се мери не само во бројот на општини, туку и во вкупната поддршка и за советнички листи каде НАИ има повеќе гласови, што значи повеќе пратеници во случај на предвремени парламентарни избори, вели Џелили во анализа за „Локално“.
Тој смета дека евентуално повлекување на лидерот на ДУИ Али Ахмети е прашање на лична проценка и политичка мудрост.
-Понекогаш најсилниот потег на еден лидер е токму подготвеноста да направи простор за нова енергија, а притоа да остане фигура на единство и континуитет, нагласува, меѓу другото Џелили.