Џерард Батлер моментално го промовира акциониот филм Den Of Thieves 2: Panterа, продолжението на акциониот филм Den of Thieves од 2018 година. Познатиот актер во едно неодамнешно интервју откри дека снимањето на продолжението му било голе предизвик поради повредата што ја имал.
Во интервју за Entertainment Weekly, Батлер го коментираше снимањето на филмот и откри дека бил опериран и подоцна се здобил со сериозна повреда.
„Ова беше чудно време за мене на почетокот на снимањето бидејќи поминав низ прилично интензивна операција, а потоа целосно го скинав ACL (повреда на предните вкрстени лигаменти) околу еден месец подоцна и почнав да работам на овој филм“, коментира актерот.
Тој додаде: „Не бев во најдобра форма, а филмот беше доста физички напорен. Немав шанса да направам операција на ACL, па го снимав овој филм со свежо скинат лигамент, што беше доста тешко. Но, да… Ќе додадам „но“ за да звучи позитивно, но не беше позитивно. Тоа беше кошмар, а јас бев вистинско плачко“.
Во вториот дел, Батлер ја повторува својата улога на Николас „Големиот Ник“ О’Брајан, кој го следи Дони Вилсон, кој го игра О’Ши Џексон Џуниор, за да планира уште еден опасен грабеж, пренесе Variety.
Во филмот играат и Евин Ахмад, Салваторе Еспосито, Медоу Вилијамс, Свен Темел, Мајкл Биспинг, Орли Шука, Кристијан Солимено, Назмије Орал, Јасен Затес Атур, Џузепе Шилачи, Дино Кели, Рико Верховен, Велибор Топиќ, Антонио Гасторф и Сирил Гане.
Светската премиера на филмот почнува денеска, а филмот ќе може да се гледа и во домашните кина.