Џерард Батлер се враќа на својата популарна улога во How To Train Your Dragon

од Vladimir Zorba

Актерот Џерард Батлер, наводно, треба да се врати на својата улога во популарната франшиза на DreamWorks „How To Train Your Dragon“. Батлер во анимираните филмови му го позајмил гласот на таткото на Хикап, Стоик, а сега таа улога ќе ја игра во претстојниот филм.

Стоик, викиншки поглавар и самохран татко, се обидува да го одгледа и воспита Хикап, кој воопшто не се однесува како Викинг. Анимираните филмови ја воодушевија публиката ширум светот и заработија повеќе од 1,6 милијарди долари.

Вклучувањето на Батлер во филмот оддава почит на оригиналната екипа од цртаниот филм, бидејќи актерите кои ги синхронизираа Хикап и Астрид во анимираната верзија пораснаа и нема да учествуваат во филмот, според Дедлајн.

Засега е познато дека Мејсон Темс ќе го игра Хикап во акционата верзија, а Нико Паркер ќе ја игра Астрид. Режисер, сценарио и продукција на филмот ќе биде Дин ДеБлоа.

Филмот треба да се прикаже во кината на 13 јуни 2025 година.

Слични содржини