Мицкоски: Седејќи дома, гласате за лошите политичари

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Чешиново-Облешево, побара на изборите на 8 мај сите граѓани да излезат да гласаат за неговата партија и кандидатката за претседателка, Гордана Силајновска-Давкова.

Тој објасни дека ако граѓаните останат дома и не го остварат своето право на глас овозможуваат Али Ахмети, Артан груби, Бујар Османи и Крешник Бектеши да продолжат да го понижуваат целиот народ во Македонија.

-Седејќи дома и игнорирајќи го процесот, нема да постигнете ништо. Само ќе направите да биде лошо, а државата да оди назад, порача Мицкоски.

-Има и такви кои седејќи одма пркосат на политичарите велејќи дека сите политичари се исти, дека се ќе биде како порано и наоѓаат некакво образложение зошто останале дома за изборите. Во суштина не разбираат дека и во тој случај гласаат, но гласаат за лошите политичари, за они кои ја ограбија, понижија и засрамија Македонија. Гласаат за Али Ахмети да продолжи да живее како блискоисточен шеик во својата хациенда во Зајас направена од ваши пари, да продолжат голобради момчиња да купуваат трговски центри во центарот на Скопје со вредност од неколку десетици милиони евра само затоа што се дел од семејството на Али Ахмети. Да продолжат луѓето кои што се дел од семејството на првенците на ДУИ преку своите фирми да имаат бизниси од неколку десетици милиони евра на грбот на граѓаните. Да продолжат Артан, Бујар, Крешник и останатите да ве понижуваат, да продолжат лагите, да продолжи раскошот во кои уживаат функицонерите на ДУИ, за нив гласаат. Тие кои останаа дома, гласаа за нив, рече Мицкоски.

Слични содржини