Џерард Батлер за снимањето на „300“: Секој ден некој завршуваше во болница

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Џерард Батлер моментално го промовира својот нов филм Den of Thieves 2: Pantherа, а за време на неодамнешното интервју за магазинот People, тој се потсети на физички интензивното снимање на познатиот историски акционен филм од 2006 година „300“.

Батлер во филмот го играше спартанскиот крал Леонидас, кој води 300 спартански воини во битка против Персијците. Филмот, во режија на Зак Снајдер, беше огромен хит и заработи над 450 милиони долари.

„Се сеќавам дека секој ден некој ќе завршеше во болница“, рече Батлер, според Variety. „Ќе снимав борба, ќе се свртев и ќе видам човек како лежи на подот затоа што копје му завршило во окото. Друг пат се вртам и гледам како некој паднал и го скршил зглобот. Беше навистина лудо“.

Иако Батлер не зборуваше за повредите што ги заработи на сетот на „300“, тој се потсети на моментот кога за малку ќе се удавел додека ја снимал биографската драма Chasing Mavericks од 2012 година. Актерот заврши под огромен бран додека снимаше филм за сурфање.

„Мислев дека тоа е мојот крај“, изјави Батлер. „Тие мораа да ме извлечат од водата, да ме однесат во болница и да користат дефибрилатор. Беше навистина интензивно“.

Најновиот филм на Батлер, Den of Thieves 2: Pantherа моментално се прикажува во кината, а доколку биде доволно успешен, би можел да добие уште едно продолжение. И Батлер и неговиот колега О’Ши Џексон Џуниор потврдија дека се заинтересирани за нови продолженија на акционата франшиза.

Слични содржини