Џерард: Сум играл со подобри играч од Јамал и Мбапе

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, зборуваше за младите Јамал и Мбапе и нивните перформанси во минатото. Ги пофали двајцата, но за него, еден играч бил дури и подобар од нив двајца во нивните тинејџерски години

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, зборуваше за младите Јамал и Мбапе и нивните перформанси во минатото. Ги пофали двајцата, но за него, еден играч бил дури и подобар од нив двајца во нивните тинејџерски години.

„Она што го прават Џамал и Мбапе е навистина фасцинантно, особено во тие тинејџерски години што не ги гледате често во фудбалот. Сепак, во мое време имаше друг играч за кој можам да кажам дека е подобар од Јамал и Мбапе“, рече Џерард.

Тој откри и за кого зборува, поточно, дека му дава предност на поранешниот англиски репрезентативец.

„Мајкл Овен беше подобар од нив двајца. Она што го правеше на теренот кога беше сè уште тинејџер е нереално. Тогаш, фудбалот беше неспоредливо потежок и поагресивен од денес, а тој изгледаше незапирливо на теренот.“

Џерард зборува од искуство, гледајќи го Овен во акција.

„Играв со него и знам за што зборувам. Како тинејџер беше спектакуларен. Во тој случај би го избрал Овен, но Јамал и Мбапе се неверојатни. Радост е да ги гледам на теренот. И двајцата сакаат да ја освојат „Златната топка“, а Овен го направи тоа и затоа е пред нив во овој избор за мене“, заклучи Џерард.

Овен дебитираше за Ливерпул како тинејџер и играше неверојатно, поради што ја освои „Златната топка“ во 2001 година кога имаше само 22 години. Само Роналдо (Бразилецот) беше помлад од него кога ја освои оваа престижна награда.