„Џевахир“ го купува ФК Работнички за 850.000 евра

од Nikola Popovski
803 прегледи

Компанијата „Џевахир холдинг“ го купува фудбалскиот клуб Работнички за 850 000 евра, дознава „Локално“.

Според истите извори, името на клубот нема да се менува.

Турската компанија во минатото беше дел од спонзорскиот тим на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, а сега влегува и во фудбалот. „Џевахир Холдинг“ планира да го враќа тимот на шампионските патеки.

„Џевахир“ е познат во Македонија по кулите во скопската населба Аеродром, највисоките згради во Скопје и во Македонија. Исто така во Турција имаат објекти како шопинг центар и главната автобуска станица во Истанбул, хотели и згради, аутлет центар во Трабзон, училишта и други објекти.

Покрај тоа имаат и менаџерска агенција за фудбалери „Џевахир Менаџмент“ која е верифицирана во мај минатата година.

Работнички е четирикратен шампион на Макеонија од остамостојувањето. Последен пат тимот ја освои титулата пред девет години. Исто така има четири трофеи во Купот, последната во 2015 година. Клубот двапати ја освои двојната круна во 2007/08 и 2013/14.

Во моментов Работнички е блиску да се бори за опстанокот, отколку за Европа.

Слични содржини