Џим Ретклиф се закани дека ќе го напушти клубот доколку продолжат навредите кон него

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Косопственикот на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, изјави дека би можел да го напушти клубот доколку навредите од навивачите кон него го достигне нивото на оние против семејството Грејзер. 72-годишниот бизнисмен плати 1,3 милијарди фунти минатата година за 28,94 отсто од клубот и неговата компанија Инеос потоа ја презеде контролата врз фудбалските операции на „Олд Трафорд“.

Дел од мерките што ги презеде новото раководство беа и низа отпуштања. Минатата година во клубот останаа без работа 250 луѓе, а годинава се очекува да бидат отпуштени уште 200. Во меѓувреме, цените на билетите беа зголемени. Овие одлуки, заедно со слабите перформанси на тимот, доведоа до многу критики од навивачите. Пред неколку дена Ретклиф ги објави плановите за изградба на нов стадион со капацитет од 100.000 гледачи.

„Можам да ги трпам некое време“, рекол Ретклиф за навредите упатени кон него. „Не ми пречи да бидам непопуларен бидејќи никој не сака да го види Манчестер Јунајтед каде што е во моментов и никому не му се допаѓаат одлуките што треба да ги донесеме во моментов. Ако гневот е насочен кон мене, можам да се справам со него. Но, јас не се разликувам од кој било друг. Не е пријатно, особено за пријателите и семејството“.

„Ако го достигнат нивото на навреди кои беа упатени кон семејството Глејзер, ќе морам да кажам дека е доста и да оставам некој друг да се занимава со тоа. Семејството Глејзер се повлече во сенка, па јас ги трпам сите негативности. Ги немам видено од нашето купување. Од нивна страна слушам: „Ти благодарам, Џим, правиш одлична работа“. Немам обезбедување во моментов, не мора вака да се шетам. Ако не можете да толерирате напади на тоа ниво, тоа не би било забавно“, додаде тој во интервју за „Тајмс“.

Слични содржини