Џони Деп ја скрши ногата, одложена најавената турнеја со неговиот бенд

од Stefanija Kuzmanovska

На враќање од Кан, актерот Џони Деп си го истегнал зглобот, или барем така мислел, додека не се испоставило дека го скршил.

Познатиот актер неодамна се појави на фестивалот во Кан, а по премиерата на филмот „Jeanne du Barry“ се здобил со сериозни повреди на ногата. Поради оваа причина, актерот морал да ја одложи најавената турнеја со неговиот бенд „Hollywood Vampires“.

Со него во бендот свират Алис Купер и Џо Пири, а засега сите нивни планирани концерти се откажани.

И покрај тоа, актерот се надева дека по еден месец ќе се опорави и ќе биде подготвен за сцената.

Да потсетиме, појавувањето на Џони Деп секако беше вест број еден пред премиерата на неговиот филм „Madame di Bari“ во кој тој го игра кралот Луј XV. Деп на црвениот тепих беше пречекан со овации и транспаренти,

Слични содржини