Џони Деп прошета на црвениот тепих во својот препознатлив стил (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најголемиот филмски фестивал беше отворен синоќа на церемонија во Кан.

Канскиот фестивал ќе трае од 16 до 27 мај, а оваа престижна манифестација беше отворена со премиерата на францускиот филм „Jeanne du Barry“.

Во оваа продукција главната улога ја толкува Џони Деп, па овој филм го претставува неговото големо враќање по приватните скандали кои се одразија на неговата кариера.

Познатиот актер се прошета на црвениот тепих во својот препознатлив стил, комбинирајќи бунтовен и елегантен изглед на уникатен начин.

Џони Деп на премиерата се појави во црн костум, модерното издание го комплетираше со бела кошула со црни копчиња, но и со интересни детали во вид на елегантно бело марамче во џебот од сакото, како и блескави обетки, прстени и очила за сонце со темно сини леќи и мала рамка.

Слични содржини