Џордан ги продаде Шарлот Хорнетс

од Vladimir Zorba

Легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан повеќе не е мнозински сопственик на Шарлот Хорнетс, соопштија од тој кошаркарски клуб.

Џордан го продаде мнозинскиот пакет акции на групата предводена од Гејб Плоткин и Рик Шнел, кои ќе се обидат да го извлечат тимот од сегашната ситуација и годините на лоши резултати, пренесуваат американските медиуми.

Претходните 13 години Џордан беше на чело на клубот од родниот град, но не постигна голем успех.

Слични содржини