Џорџина Родригез прошета на црвениот тепих во Венеција, облечена во долг бел фустан

од Vladimir Zorba
276 прегледи

Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.

Таа се појави во долг бел фустан со висок шлиц. Како накит има прекрасен ѓердан и едноставни обетки.

На фестивалот и беше доделена наградата Diva e Donna за жена на годината за документарниот филм „Soy Georgina“.

Џорџина вчера пристигна во Венеција и веднаш привлече внимание со својата необична облека. Папараци ја снимиле по пристигнувањето на аеродромот „Марко Поло“.

Таа носеше црна кратка маица и црни шорцеви кои на многумина повеќе им личеа на долна облека.

Исто така, имаше мрежести гаќички и високи црни сандали, а на главата имаше капа.

Слични содржини