Џулија Робертс за смртта на Метју Пери: „Ненадејната смрт на секој толку млад човек е потресна“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, почина на 28 октомври на 54-годишна возраст.

Од него се простија бројни пријатели, познаници, фанови, членови на семејството и колеги, а сега неговата поранешна девојка, актерката Џулија Робертс се огласи во врска со смртта на Метју.

Таа прво се присети на своето појавување во хит серијата, а глумеше во најгледаната епизода „The One After the Super Bowl“, која истата вечер кога беше премиерно прикажана ја погледнаа 53 милиони луѓе.

„Имам само добри мисли и спомени. Сите ме пречекаа топло и беше доста забавно“, изјавила таа за ЕТ.

Запрашана да ја коментира ненадејната смрт на Метју Пери, таа рече:

„Ненадејната смрт на секој толку млад човек е потресна. Мислам дека, знаете, тоа само ни помага да го цениме она што го имаме и да продолжиме да живееме најпозитивно што можеме“.

Потсетуваме, Џулија и Метју се забавуваа околу три месеци во раните деведесетти, а Пери и посвети важен дел во своите мемоари „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, каде истакна дека многу ја сакал, но дека ја оставил „плашејќи се дека не е доволно добар за неа и дека таа ќе го остави него“.

Метју Пери почина на роденденот на актерката, 28 октомври.

Слични содржини