ДКСК: Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа е направена врз основа на податоци од Собранието

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Со цел да се надминат недоразбирањата настанати по презентирањето на Анализата за потрошените буџетски средства за апанажа сакаме да ве известиме дека споменатата Анализа е направена врз основа на податоци за исплатени средства за апанажа добиени од Собранието на РСМ, реагираат од ДКСК.

„Исто така, сакаме да појасниме дека Барањето на ДКСК за наведените податоци е всушност циркуларно писмо кое, покрај до Собранието на РСМ е испратено и до повеќе од 100 институции.

Очигледно дека само податоците од Собрание на РСМ се доставени во бруто износ, но за тоа немаше никакво објаснување во дописот“, додаваат оттаму.