Непостоечка фирма од Скопје за лифтови добила околу 90 тендери.Таа со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година има добиено најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства.
Владимир Георгиев, кој е член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) образложувајќи го предметот посочи дека не смее да се објави името на фирмата, но изразуваат надеж дека за овој случај ЈО ќе постапи експресно.
Тој информираше дека ќе биде доставена иницијатива за кривично гонење во Основното јавно обвинителство во Скопје, како и предупредување известување до Владата, на седница да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма.
Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта.