ДКСК бара кривично да се гонат сегашниот и поранешни градоначалници на Радовиш оти 12 пати поставиле исто лице за директор без објавување оглас

од Nikola Popovski
202 прегледи

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница одлучи да поднесе иницијатива за одговорност до Владата и за кривично гонење за несовесно работење и трошење на буџетски средства на директорот на Агенцијата за филм.

Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска го образложи случајот со Агенцијата за филм, ревизорските извештаи за финансиското работење на Агенцијата и документите што се проверувани. Таа истакна дека Владата треба да ги слуша нивните препораки и да ги препрочитува ревизорските извештаи.

Антикорупционерите иницијатива за кривично гонење усвоија и за актуелниот и поранешни градоначалници на Радовиш затоа што 12 пати ангажирале лице како вршител на должност директор на јавното претпријатие „Плаваја“ – Радовиш без објавување оглас.

Според антикорупционерот, Нури Бајрами, оваа ситуција е пример за корупција и упад во правниот систем.

Информираа дека до ДКСК стасале и материјали за случајот со Клиниката за онкологија, но тие ќе бидат проследени до надлежните институции имајќи предвид дека за него веќе се води истрага во Обвинителството.

Слични содржини