ДКСК: Директор се поставил сам себе да се советува

од Берта Китинска
546 прегледи

Секојдневно примаме пријави од граѓани. Имавме случај кога анализиравме кога директор сам себеси се поставил за советник и ние се чудевме на што се е спремен човек да направи за да изигра закони, изјави за Утрински брифинг Катица Николовска од ДКСК.

-Она што го направил како директор, дал оставка, согласно законот за ЈП градоначалникот именувал в.д од редот на вработените. Објавен е оглас за вработтување на административен службеник, директорот си се јавил, исполнувал услови, имал образование, имал квалификации согласоно работното место за стручен соработник.Се пријавил и в.д директорот кој го бира него за административен службеник. Кога завршува сета таа приказна, градоначалникот објавува оглас за избор директор, се јавува господинот административен службеник и бидејќи е единствен кандидат градоначалникот го бира него,објаснува Николовска.

Слични содржини