ДКСК ги демантира измислените афери на ДПМНЕ, вели СДСМ

од Берта Китинска
103 прегледи

Потонаа фабрикуваните лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои со денови ги пласираа против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше измислените афери на ДПМНЕ, нема основ за покренување постапка против претседателот Ковачевски, велат од СДСМ.

Оттаму велат дека се потврдило она што премиерот јавно го кажал, дека „тој се повлекол од компанијата уште во 2020 година и дека се е транспарентно објавено во неговиот Анкетен лист“.

-Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не е способна за ништо освен да шири лажни вести, да конструира непостоечки афери со кои ја замајува јавноста.Сега Мицкоски, Лефков и сите оние кои јавно ширеа лаги да им се извинат на граѓаните како и на Ковачевски за сите изнесени лаги, велат од СДСМ.