ДКСК го добиле Договорот со „Бехтел и Енка“

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на  проектот за изградба на коридорите 8 и 10д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот и веќе формирала тим од четворица советници за анализа на предметот.

-Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек, изјави денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, во одговор на новинарско прашање.

Ивановска рече дека не може да каже рокови, но нагласи дека тој предмет „им тежи најмногу“ и оти со сите сили се вложени за да се сработи побрзо.

Слични содржини