ДКСК иницира постапка против екс-министерката Костадиновска Стојчевска

од Nikola Popovski
54 прегледи

Антикорупциската комисија иницира постапка пред надлежните органи за екс-министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска поради злоупотреба на буџетски пари во приватни цели.

Според извршениот увид во документацијата, од ДКСК велат дека министерката за култура во 2023 година остварила билатерална посета со трошоци од 1.300 британски фунти аванс, од кои 229 фунти се признаени како трошоци за репрезентација, а 600 фунти за сместување.

Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Дополнително, 528 фунти биле исплатени со службена картичка на Министерството за култура, од кои 485 фунти се трошоци кои, како што дополнуваат од ДКСК, не може да се квалификуваат како направени за службени цели.

Станува збор за случајот со нејзините трошења за време на посетата на Велика Британија и Ирска.

По ваквите обвинувања, Костадиновска-Стојчевска рече дека вистината е оти дел од трошоците што биле презентирани од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на потребата да обезбеди основни услови за нормално функционирање на службеното патување на кое рече оти авиокомпанијата ѝ го изгубила багажот.

Пред десетина дена, Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешната министерка за култура. Според пријавата, овозможила изведувачот на Универзална Сала противправно да се стекне со 27 милиони денари.

Според изјавите на министерот за култура, Љутков што ги даваше изминатиот период, начинот на кој Универзална сала е преземена од Град Скопје во Министерството за култура не е легален и постапката ја оцени како проблематична. Тој вели дека три до четири месеци ќе траат процедурите за законско преземање на Универзална сала од Град Скопје за потоа да продолжи изградбата на објектот.

Слични содржини