ДКСК: Ќе продолжи постапувањето по предметите за Рашковски, без разлика на неговата оставка

од Nikola Popovski
233 прегледи

Од Државната комисија за спречување на корупција соопштија дека оставката од функцијата на Драги Рашковски не влијае врз предметите кои се отворени за него.

„ДКСК информира дека оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК“, стои во соопштението.

Рашковски поднесе оставка, за што самиот ја информира јавноста со објава на Фејсбук. Овој негов потег доаѓа по случаите за набавката на софтвер што не го користи ниедна институција и за тоа дека Рашковски вози џип „волво-XC90“, кој не фигурира во неговиот анкетен лист. Вчера ТВ Алсат објави дека Рашковски во Побожје ќе гради хациенда од 800 квадратни метри.

Слични содржини