Утврдено дека во Агенцијата за вработување кандидат за вработување е заведен како Македонец, а примен е како Албанец, информираше Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на денешната седница објаснувајќи ги предметите кои пристигнуваат до Антикорупција за тоа кога кандидати за вработување ја менуваат националноста, со цел да ги исполнат условите од балансерот и да се вработат.
– Ова не е првпат и за жал немаме начин како да се казнат, оти не е предвидена ваква казна во законите. Единствена препорака ќе биде, а и онака се прави законот за административни службеници, балансерот да се исфрли од употреба, заради тоа што нема ефекти, луѓето лажат, за да се вработат. Балансерот џабе постои, во секој случај нашата Комисија отсекогаш се залагала за вработување квалитетни кадри, што ќе ги исполнуваат критериумите за квалитет и затоа нема потреба луѓето да се ставаат во вакви состојби, рече Ивановска, таа додаде дека ДКСК ќе го архивира предметот, а препораката ќе ја достави до Министерството за информатичко општество и администрација.