ДКСК на Владата и го презентираше Практичното упатство за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси

164 прегледи

На денешната владина седница, Државната комисија за спречување за корупцијата, го презентираше практичното упатство за правилата за ад-хок откривање и управување со случаи на судир на интереси, како обврска на нашата држава од петтиот круг на евалуацијата на ГРЕКО.

„Целта на ова Упатство, како водич со препораки за вршителите на јавните функции и на антикорупционерите е да помогне во откривање и управување со судирот на интереси за лицата кои вршат највисоки извршни функции“, посочуваат од Владата.

Владата инаку, на денешната седница даде согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредните години на Државната комисија за спречување на корупцијата, за набавка за изработка на Регистар на избрани и именувани лица, електронско доставување на изјава за имотна состојба и интереси, нивно објавување, систем за прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, како и модул за менаџирање со документи и за одржување на целокупниот систем.

 

Слични содржини