Антикорупциската комисија реагираше попладнево после дописот на семејството на поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски. Комисијата категорично соопшти дека ги спроведува своите надлежности врз основа на прибирани податоци, информации и документи од надлежни институции, без намера “замајување на јавноста“ или “ намера да и се наштети на нечија личност“.
-Според член 17 став 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, ДКСК има надлежност да покренува иницијатива пред JO, за поведување постапка за кривично гонење за предметите во кои постои сомневање за можни злоупотреби, велат од ДКСК и додаваат дека поради тајноста на постапката во конкретниот случај, не се во можност да ги објават бараните информации.
-Целокупната документација ке ја достави до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, која е надлежна мериторно да одлучи, стои во реакцијата.
Рашковски денес ги обвини ДКСК дека „изнесуваат невистини“.
-Која е компанијата од која е добиен на поклон автомобил и јавно да го доставите договорот за поклон?“. Таков договор не постои. Јавно да ја објавите процената на автомобилот за кој велите дека има вредност од 50.000 евра, како сте дошле до неа и дали некогаш сте го виделе автомобилот?, вели Рашковски и побара од ДКСК јавно да ги објавите сите документи до кои сте дошле со кои се потврдува евентуалното незаконско дејствие.