ДКСК оформи предмет за Ејупи, ќе проверува по кој основ земала хонорар од 5 институции

од Берта Китинска
608 прегледи

Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива ќе постапува во врска со објавите во медиумите дека на ТВ -презентерката Бесмира Ејупи и се извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници.

„Државната комисија за спречување на корупцијата, по сопствена иницијатива, оформи предмет во врска со објавите во медиумите дека кон лицето Бесмира Ејупи се извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници и тоа од Државното правобранителство, општина Сарај, општина Петровец, општина Чаир и општина Брвеница, односно за проверка на основите по кои наведените институции му исплаќале средства на наведеното лице“, велат од ДКСК за „Локално“.

Според податоците до кои дојде „Фокус“ од базата „Отворени финансии“, Ејупи во периодот 2021-2022 година фигурира како примател на средства од 5 буџетски органи под ставката 425990, со која, според Правилникот за класификација на расходите, се означуваат „други договорни услуги“.

Таа за нецела година според тврдењата на весникот инкасирала буџетски средства од скоро 12 илјади евра преку 39 трансакции реализирани во текот на ланската и тековната година.

Редакцијата на „Локално“ упати прашања до Општината Сарај, Чаир, Петровец, Брвеница како и Државното правобранителство по кој основ и биле исплатени средства на транскациската сметка на Ејупи и дали се злоупотребени државни средства, одговор добивме само од Општина Брвеница од каде објаснуваат дека Ејупи имала договор со нив поради потреба на општината.

„Во архивата на општина Брвеница постои договор за вршење на работи за 2021 година со лице Бесмира Ејупи кој во воведот се повикува на член 83,84, и 85 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 18 став 3 од Одлуката за условите, критериумите, начинот и постапката за утврдување и остварување на правото на социјална парична помош, додека во член 1 и 2 во договорот стои:За потребите на општината договорувачите се договорија за потребите на Општина Брвеница.За вршење на работите од член 1 на овој договор, на изведувачот на работите ќе му се исплати надоместок во исплати од вкупно од 20.000,00 денари. Исплатата ќе се изврши по доставување на договорот.Договорот е склучен на 15.04.2021 година, додека исплатата е извршена на 21.04.2021 година“, велат од општината.

Одлуката за 28 годишната презентерка да замине како дипломат во Њујорк откако беше објавен јавно траеше цели за 48 часа.Притисокот на јавноста дека таа нема доволно квалификации и не ги исполнува критериумите според Законот за надворешни работи за оваа позициија, ја принуди власта да отстапи од одлуката.

За предлогот Ејупи да биде упатена за генерален конзул, реагираше и Макеоднскиот дипломатски синдикат. Тие побараа да престане со вакви кандидати да се омаловажува дипломатската професија.

Слични содржини