ДКСК парично казни 86 поранешни и актуелни функционери меѓу кои и Груби, Крмов, Џафери…

од Nikola Popovski
327 прегледи

Државната комисија за спречување на корупција во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените постапки и глобите кои се изречени за сторените прекршоци. Досега од донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Репубилика Македонија бр.12/2019“), новото раководство на ДКСК информира дека досега не биле јавно објавувано овие информации, па најавуваат дека ова во иднина ќе биде редовна пракса.

Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети со парична глоба за прекршување на одредбите од наведениот закон. Меѓу нив се пратеникот Борислав Крмов од Левица, но и екс-вицепремиерот Артан Груби кој е во бегство, како и поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Меѓу казнетите има и поранешни министри.

Сите казнети функционери, можете да ги прочитате на следниот ЛИНК.

-Преку објавување на овие информации ДКСК има за цел да ја информира јавноста во насока на охрабрување на граѓаните, како и институциите да се придржуваат до правните норми. Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија.
ДКСК смета дека оваа мерка е исклучително значајна за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на секоја институција во борбата против корупцијата, стои во соопштението на Антикорупциската комисија.

Слични содржини