ДКСК побарала сите службени возила да бидат во иста боја, обвинуваат дека функционерите ги злоупотребуваат поради неказнивост

од Nikola Popovski
407 прегледи

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска е децидна дека предупредувањата не се доволни и поради тоа функционерите добиваат слобода да ги користат службените возила за приватни цели. Според неа, ова се прави поради неказнивоста.

-За што сте виделе дека некој е казнет ако злоупотребил службено возило? Немаат срам. Дадовме предлог сите службени возила да бидат во една боја, како таксистите. На пример, во виолетова боја. Да бидат достапни и граѓаните да видат како се движат функционерите со службени возила. Не се спроведува таа активност. Се нема искрена намера да се спречат голем дел од непродуктивните трошоци, кажа Ивановска на завршната прес-конфенренција на Антикорупциската комисија, со оглед дека за три дена им истекува мандатот.

Според Ивановска, од нивните иницијативи доставени до Јавните обвинителства, досега нема ниту јавна одлука која што стигнала до суд, од 2002 година наваму.

-Над 200 иницијативи за кривично гонење излегле од институцијата за овие 20 години и ниту една не видела бел ден, дополни претседателката на ДКСК.

Слични содржини