ДКСК се огласи за користење на возила во државна сопственост за време на изборна кампања

од Nikola Popovski

Со член 8-б став 1 од Изборниот Законик е уредено дека „за потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста“, информираат од Државната комисија за спречување на корупција преку соопштение.

Со одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, се определени личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, додека во член 4 од наведената уредеба е уредено дека „…од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки и активности постојано се обезбедуваат следниве личности:

• Претседателот на Република Северна Македонија;
• претседателот на Собранието на Република Северна Македонија;
• претседателот на Владата на Република Северна Македонија;
• замениците на претседателот на Владата на Република Северна Македонија;
• министерот за внатрешни работи;
• министерот за одбрана;
• министерот за надворешни работи и
• директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи

-Исто така, во член 18 од наведената уредба се уредени мерките и активностите за обезбедување на личностите и објектите, кои се состојат од преземање на:
• оперативно-превентивни мерки и активности за обезбедување на личности, објекти и простори;
• превентивно-технички мерки и активности за обезбедување кои опфаќаат механичко, електронско-техничко, против-диверзионо, хемиско-биолошко-радијациско, санитарно-здравствено, противпожарно и други видови на обезбедување на личности и објекти;
• физичко и сообраќајно обезбедување на објекти и личности;
• следење на преземените дејствија и активности за спроведување на општите мерки и активности за обезбедување во органите на државната власт и други правни лица од интерес за безбедноста и одбраната на Република Македонија со кои стопанисуваат субјекти во својство на правни лица, секој во рамките на своите надлежности и овластувања утврдени со закон и
• други потребни мерки и активности од интерес и значење за обезбедување на личности и објекти, додаваат од ДКСК.

Согласно наведеното, Антикорупциската комисија, укажува на обврската за законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборните кампањи, и тоа за Избори за Претседател на Република Северна Македонија 2024 година и Избори за пратеници во Собранието на Решублика Северна Македонија, кои започнуваат на 04.04.2024 година во 00:00 часот и траат до 06.05.2024 година до 24:00 часот.

Слични содржини