ДКСК: Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, но не можеме да докажеме оти Правда не ја чува документацијата

од Nikola Popovski
212 прегледи

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата, информира денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Според Ивановска немаат услови за да го докажат тоа.

-Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека кандидатот студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме. Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, појасни Ивановска.

Согласно информациите од Академијата истакнале дека кандидатот поднел пријава по која ги приложил сите документи од јавниот оглас. Членовите на ДКСК беа согласни дека одговорноста е кај Универзитетите и тој што ги прима документите, но дека моментално можат единствено да предложат електронско чување на документите во Министерството и проверка од инспекторите, бидејќи ризици од вакви злоупотреби се уште постојат.

Слични содржини