ДКСК со кривична против поранешен директор на ЕСМ

од Nikola Popovski
253 прегледи

Антикорупциската комисија ќе поднесе кривична пријава против поранешен директор на ЕСМ и други службени лица во Министерство за економија и во ЕСМ, поради злоупотреба на службена положба при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Во денешниот став на ДКСК, се вели дека поранешниот директор на ЕСМ и други службени лица во тендерската документација не барале економските оператори да го докажат техничкиот капацитет за испорака на мазут.

Според пријавата од непознат подносител, вредноста на вкупната набавка изнесува околу седум милијарди и 500 илјади денари, или околу 212 милиони евра, а требало да ја изврши фирмата „РКМ ДОО Скопје“, при што била предвидена количина на мазут за која постои сомнеж дека истата не можела да биде испорачана за многу краток временски период. Требало да бидат набавени околу 195 илјади тони мазут. Дополнително, според јавно изнесените наводи, АД ЕСМ Скопје наводно извршила и продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на една фирма по цена која била многу пониска од берзанската, според податоците и информациите на HUPEX. За наводите кои се однесуваат на сомнеж за незаконска продажба на ноќни вишоци на електрична енергија

Од ДКСК додаваат дека постојат сомнежи за монополско здружување, затајување на данок и други кривични дела. За нивните сомнежи информираат дека ќе ја известат Владата, Комисијата за заштита на конкуренција, Регулаторна комисија за енергетика, УЈП и Финансиската полиција.

Антикорупциска ќе решава со друга постапка за наводите дека ЕСМ Скопје извршил и продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на една фирма по цена која била многу пониска од берзанската, според податоците и информациите на HUPEX. За сето ова ќе ја известат Финансиската полиција, Владата и други надлежни институции.

Слични содржини