ДКСК со ново раководство: Каракашова Шулев ја презема функцијата, уписот во Централниот регистар е извршен денеска

од Љубиша Владимиров
94 прегледи

Новата заменик-претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е Билјана Каракашова Шулев. Таа официјално ја презема функцијата по изборот од 3 март 2025 година, а уписот во Централниот регистар е направен денес.

Каракашова Шулев досега беше активен член на Комисијата, а на оваа позиција доаѓа во критичен момент за институцијата. Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, е под истрага за корупција и организиран криминал, а поради тоа ѝ е изречена мерка за времено оддалечување од работното место. Таа не смее да учествува во работа на Комисијата, да има контакт со документи или да гласа додека трае истрагата.

Со назначувањето на Каракашова Шулев, ДКСК добива ново раководство во време кога институцијата се соочува со сериозни предизвици.

Слични содржини