ДКСК: Собранието е надлежно за разрешување на Димитровска, иако и самата може да си поднесе оставка

од Nikola Popovski
34 прегледи

Во врска со покажаниот интерес на јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека Собранието е институцијата која носи одлука за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на ДКСК согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Оттаму додаваат дека поднесување на оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка.

-Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за индивидуална одговорност, Државната комисија работи и ќе продолжи да работи и да ги извршува своите надлежности пропишани со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Сепак, во интерес на непречено работење и успешно остварување на целта и надлежностите на Државната комисија цениме дека е исклучително важно Државната комисија да функционира во полн состав.Воедно, Ве известуваме дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупција согласно изречените мерки од надлежниот суд, во изминатиот период не доаѓа на работа, стои во соопштението на Антикорупциската комисија.

Првата антикорупционерка го добила безбедносниот сертификат благодарение на нејзин поранешен колега од Заводот за ревизија. Тој полагал наместо неа откако му ја дала лозинката од електронскиот систем за обука на Дирекцијата за безбедност, со што му овозможила да го полага испитот, по што Димитровска добила сертификат и увид во сите класифицирани информации.

Поднесено е обвинение, Димитровска се гони и за оддавање службена тајна во случајот „Адитив“.

Обвинителството за ревизорот предложи мерки на претпазливост, но и забрана да одржување на контакти со Димитровска. За претседателката на ДКСК остануваат да важат определените мерки од судот. Во обвинителниот акт стои дека таа е второобвинета, бидејќи од службениот телефон преку апликациите „Вибер“ и „Вацап“ седум месеци оддавала службени тајни на обвинет во случајот „Адитив“.

Слични содржини