ДКСК: Забележана е видна злоупотреба на функцијата в.д. директор

415 прегледи

Комисијата за спречување на корупција, извршила проверка во врска со поставувањето на в.д. директори во државните институции.

Како што истакна претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, комисијата утврдила дека оваа функција немала за цел да се надмине некоја состојба за пополнување на раководно место, туку нивната анализа покажува дека ова е единствениот начин овие лица да бидат поставени на функција.

Станува збор за дел од секторите како обрзование, култура, здравство, како и јавните претпријатија.

В.Д. директорот во суштина треба да биде именуван за рок од 6 месеци, додека не се пополни местото на јавен конкурс, но , комисијата посочува примери кога еден ист човек дури и 6 или 7 пати во континуитет е именуван за В.Д. директор, иако времетраењето на нивната функција е ограничена.

Покрај тоа, ова се дел од останатите неправилности кои ги воочила комисијата:

• Не се почитуваат материјалните закони за распишување конкурс за избор на директор

• Се врши разрешување или т.н. отповикување на директори и пред истекување на мандатот

• Се именуваат директори без положен испит за директори (онаму кај што треба)

• Управните одбори не секогаш распишуваат конкурси и чекаат прво Владата да одлучи што да преземат

• Не се обезбедува избор на директори со фер конкуренција врз основа на приложена програма за работа

• Нема отчетност за вршењето на функцијата и трошењето на државните ресурси

• Изборот и разрешувањето се врзува со одредена политичка гарнитура

• Постои реваншизам особено кога локалната и централната власт се од различни политички опции што се манифестира со одземање ингеренции односно преку одмерување на политичката моќ

 

Слични содржини