Понеделник ќе биде стресен за Вагите, Шкорпиите и Стрелците кога се во прашање финансиите
Еве што може да очекува секој хороскопски знак:
ОВЕН
ЉУБОВ: Не треба да очекувате ништо, иако можно е да почнете да се оптеретувате о некој што ви е пријател.
РАБОТА: Бавен, но постојан пораст во оваа област од животот.
ЗДРАВЈЕ: Воспаленија на мускулите.
БИК
ЉУБОВ: Треба да работите на комуникација со партнерот. Ќе бидете многу повлечени.
РАБОТА: Можеби ве загрижуваат одредени проблеми во финансиската сфера, но навистина без причина.
ЗДРАВЈЕ: Болки во грлото.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Денес нема да ви биде јасно што чувствувате, па најдобро е да не правите важни потези.
РАБОТА: Променлив успех, особено ако се занимавате со администрација.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.
РАК
ЉУБОВ: Ќе копнеете по идеална љубов, која ќе ви ги расипе шансите да доживеете вистинска љубов.
РАБОТА: Можете да очекувате одреден напредок или успех на полето на кариерата.
ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
ЛАВ
ЉУБОВ: Доколку сте слободни активно ќе барате љубов, а доколку сте во врска можни се помали проблеми поради себичноста на партнерот.
РАБОТА: Можни се недоразбирања со колегите.
ЗДРАВЈЕ: Гастритис.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: На потрагата по партнер ќе пристапите како проект, што секако нема да ги донесе посакуваните резултати.
РАБОТА: Ќе сакате да направите нешто што ќе ви овозможи да покажете креативност.
ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
ВАГА
ЉУБОВ: Ќе барате сериозност во врската, која може да предизвика незадоволство доколку сте во врска во која тоа недостасува.
РАБОТА: Можни се некои логистички проблеми.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителна психа.
ШКОРПИЈА
ЉУБОВ: Нестабилност и помали проблеми во врската. Ако сте сами, ќе ја изгубите идејата за тоа каква личност барате и што сакате.
РАБОТА: Ќе имате непланирани трошоци.
ЗДРАВЈЕ: Чувствителен респираторен систем.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Доколку вашата врска е разнишана, можно е да и дојде крајот. Избегнувајте конфликти и разрешете го гневот во врската.
РАБОТА: Ќе бидете фрустрирани од некои ограничувања.
ЗДРАВЈЕ: Намален имунитет.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Денес не се надевајте дека ќе најдете љубов доколку сте сами. Доколку сте во врска, ќе се сомневате во искреноста на партнерот.
РАБОТА: Импулсивно ќе трошите или вложувате средства.
ЗДРАВЈЕ: Болки во грлото.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: За некој да ве фасцинира во овој период, мора да биде исклучително претприемачка и успешна личност.
РАБОТА: Одредени пречки ќе ве принудат да ги направите потребните промени.
ЗДРАВЈЕ: Солидно.
РИБА
ЉУБОВ: Можно е да ви се допадне некој кој воопшто не ве забележува или да влезете во платонска врска.
РАБОТА: Иако ќе наидете на одредени тешкотии, трендот е позитивен.
ЗДРАВЈЕ: Намален имунитет.